НИЗА КОНТРОВЕРЗИИ ГО ТРЕСАТ ПЕДИГРЕТО НА КИНОЛОШКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА КОЕ Е СТАВЕНО ПОД ЛУПА НА FCI

0
1365

Одгледувачите и излагачите на расни кучиња со реакција во дел од медиумите револтирано реагираат околу последната изложба на CACIB во Скопје која што се одржа на терените во хотелот Белви за која како што тврдат била со низа на контроверзни одлуки на судиите кој што тврдат дека се намерни пропусти на претседателот на КСМ. Реакцијата на одгледувачите и учесниците е по основ на контроверзниот текст објавен во весникот Нова Македонија за кој што тврдат дека е полн со невистини и текст кој ја крие реалната состојба во КСМ кој што текст подоцна беше повлечен од електронското издание на весникот Нова Македонија.

На 17-ти и18-ти Октомври 2015-та година, каде првиот ден на 17-ти Октомври биле каталошки пријавени 279, додека на изложбата земале учество околу 100 расни кучиња одгледувачите и излагачите на расни кучиња велат тие, разлика од 179 кучиња за која сојузот на свој грб треба да ги плати во FCI на секое пријавено куче во каталогот на CACIB изложбите. Додека вториот ден се пријавени 289 кучиња, а на лице место учествувале околу 120 кучиња, за која разлика од 160 тина кучиња исто треба да се плати од свој џеб, а со тоа од парите кои се влеваат во касата на КСМ од македонските одгледувачи, вели еден од добро упатените извори.

Во делот на судењето на 17-ти Октомври , наместо како судија во рингот, кој бил каталошки запишан генералниот секретар Слободан Настески, доаѓа до ненајавени промени и го оттапил местото на неговата сопруга да биде судија во групата IX, додека од друга стран пак генералниот секретар Слободан Настески бил записничар на записничка маса, судијка која без никаква практика во судењето на изложби значително се форсира на последните 3 меѓународни македонски изложби во последните три месеци при што имало доста реакции од одгледувачите на расни кучиња кој што истите биле коментирани по социјалните мрежи.

На специјализираната изложба за Cane Corso, која што беше одржана во рамките на CACIB изложбата, видливи биле и бурните реакции на некои македонски излагачи кои не биле задоволни од реалното оценување на дотичната судијка, кое што незадоволство е сеуште видливо по социјалните мрежи, додека истите со свои примероци учествувале на европски и светски изложби.

Истото се случи на годинешната ,,CAC” изложба во Кавадарци во месец Септември каде што беше доделен BIS на куче кое не беше во каталогот од изложбата со потекло од Р.Србија каде што сопственик е линк за настап на наши судии во Р.Србија.

Голем пропуст е направен и кон набавувачот на пехарите од Реп.Србија, а истиот учесник на истата изложба, реномиран одгледувач на расни кучиња кој од необјаснети причини, случајни или техничка грешка организаторот не го ставил во каталогот , којо што не отштампал дополнителен, што е правило на вакви изложби, а повеќе титули меѓу кои и титулата ,,Best in Show” му е доделена баш нему, при што се предизвикаа значителни реакции по социјалните мрежи, бидејќи аргументирано титула на изложба не може да земе куче што не е во каталогот, тврди нашиот извор од КСМ.

Дополнителниот каталог во случај на грешка се штампа посебно и се дава во прилог на главниот каталог, но во овој конкретен случај испадна дека титули се дадени на непријавени кучиња.

Исто така одгледувачите и излагачи на расни кучиња тврдат дека не само во расата на Cane Corso туку и во другите раси се направени огромни пропусти, така што од нив прераснале и тензични ситуации, имено на одгледувач од Србија кој настапувал еднаш му е одземена титула R. CACIB каде што по бурна реакција и закана со претставка до FCI истата титула му е вратена назад.

Што се однесува до пехарите изјавено е дека се поделени 300 пехари што према одгледувачите нема никаква логика, не повеќе од 60-80 пехари биле на постаментот. Доколку е тоа така каде е и колку пехари има на фактурата и дали има царинска декларација за влез во Р.Македонија, бидејќи од неофицијални и контроверзни извори пехарите се внесени ,,илегално” со посредство на лица од царината за кои што се претпоставува дека се некаде околу 300 пехари.

Посетите на ваквите изложби на расни кучиња се значително слаби каде покрај излагачите на изложбата може да се забележат слаб одзив на граѓани кои уживаат на изложбата а воопшто на сите изложби низ Р.Македонија, така што ова е еден поразителен факт кој го отсликува дното во македонската кинологија.

Уште еден доказ кој говори за дното на буџетот на  кинолошкиот сојуз на Македонија којшто буџет веќе отиде испод дното е фактот што на дел од делегатите не им се исплатени дневници и патните трошоци за кои кинолошкиот сојуз  е обврзан да ги исплати дневниците веднаш по завршувањето на годишното собрание спрема статутот на организацијата.

Одредени кинолози и стручни лица кои се членови на одредени стручни комисии а кои мораат редовно да присуствуваат на стручните состаноци и донесуваат одлуки сеуште за тековната година не му се исплатени дневници и патни трошоци, во процедурално треба  секој месец КСМ да ги подмири обврските кон нив како организација. Од сигурни извори се дознава дека вработените во администрацијата во сојузот немаат земено три месеци плата во последните три месеци вклучително и хранарина, превоз и др. Додатоци.

Најново е тоа што оваа недела сојузот не работи во просториите каде што нема никој. Нема работно време и покрај тоа што во администрацијата рботат со редовен работен однос со 2 лица технички персонал. За се ова што е проследена информација дека сојузот нема да работи поради користење на годишен одмор, но одгледувачите се запрашуваат колку пати и во колку дела се користи законскиот годишен одмор, дали за истото е консултиран управниот одбор, и дали истиот е покриен со законски решенија, дали трудовата инспекција ќе изврши преглед на законитоста на истте.

Прашањето од јавноста кое е од јавен интерес е дали и ова е дел од замисленото алиби на КСМ, во исчекување на финансиската истрага која ја спроведува финансиската полиција со цел добивање на време, и оправданата недостапност на документацијата која ја снема, која поради нови сознанија од терен дополнително се бара на преглед, односно нејзино средување на пропустите во неа, велат од излагачите и одгледувачите на расни кучиња за проблемите во КСМ.