ЦУК : ВЧЕРА ИЗГАСНАТИ 12 ПОЖАРИ, АКТИВНИ ДВА ВО САРАЈ И ИНЏИКОВО

0
318

Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден во општина Сарај, кај месност ,,Карпалак” каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума и уште еден во општина Гази Баба, во село Инџиково, каде гори ниска вегетација, информираат од Центарот за управување со кризи.Изгаснати пожари се 12 пожари и тоа:

– Општина Валандово 2: меѓу с.Удово и с Марвинци (лозје и ниска вегетација), с.Пирава (ниска вегетација и депонија)
– Општина Илинден: с.Дељадровце (стрниште);
– Општина Сарај: с.Бојане (ниска вегетација)
– Општина Бутел: ,,Љуботенски Пат” (ниска вегетација и ѓубре);

– Општина Гази Баба: с.Инџиково (ниска вегетација)
– Општина Струга: Граничен премин ,,Ќафасан” (ниска вегетација);
– Општина Дебар: с.Селокуќи (ниска вегетација);

– Општина Куманово 2: с.Ваксинце (ниска вегетација), спроти бензинска пумпа на ,,Макпетрол” на автопатот Скопје – Куманово во с.Романовце (ниска вегетација);
– Општина Гази Баба, с.Смилковци (ниска вегетација и отпадоци) и во
– Општина Демир Хисар (градска депонија – отпадоци), информираат од ЦУК.