Јасно е дека со Груевски нема иднина, нема надеж, нема никаков просперитет во и за Македонија

0
1358

Ги видов листите на ДПМНЕ. Нема некои шокантни изненадувања, освен тоа што ги нема „верните“ Гордана и Миле, како и „популарниот“ Диме. Змејковски се врати, а Пешевски си отиде. Исто така мислам дека океј е за ДПМНЕ да биде Јохан на листа, ама малку е поразително погоре за неколку места од него да биде Амди Бајрам. Интересен момент е и она коа си претседател на Влада, а скромноста (или лидерот) не ти дава да бидеш носител.

И стварно Никола Попоски го мислев за понормален, коа тоа да го видам на бина зад Грујо како му се смее на тоа канцерогените пусти најлоши у свет смешки. Тажен момент беше тоа за мене и моите мали позитивни очекувања за него.

Листите на ДПМНЕ не се скандалозни. Скадалозен е моментот што Груевски којшто со толкав товар на криминал на себе, најголем криминал во историја на Македонија, учествува на избори и се уште има желба и сака пак да биде премиер. Каде бе?! Со него е јасно дека нема иднина, нема надеж, нема никаков просперитет во и за Македонија. Се додека тој фигурира во јавноста како политички фактор, борбата продолжува!

Фејсбук статус на Влатко Васиљ