ТРАМП КОНЕЧНО ПРИЗНА ДЕКА ЧЕСТО ПАТИ СЕ ГЛУПИРА НА ТВИТЕР СО СВОИТЕ ЗАБЕГАНИ ТЕОРИИ ПА ПОТОА СТАНУВА МЕТА НА ТРОЛАЊЕ И ИСМЕВАЊЕ

0
1035

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека понекогаш жали поради своите објави на Твитер и призна дека на таа социјална мрежа знае да биде импулсивен и можеби за него би било подобро да биде повнимателен.

Пречесто“, одговори Трамп на прашањето дали понекогаш жали поради своите објави на Твитер во разговорот за „Барстул Спортс“.

Трамп додаде дека не гледа проблем во своите коментари на социјалната мрежа, туку објавите на своите следбеници кои ги пренесува.

„Речиси секогаш проблем прават ретвитувањата“, изјави Трамп и призна дека не ги проверува внимателно луѓето чии објави ги пренесува на неговиот профил на Твитер. Трамп досега често знаеше да сподели објави кои припаѓаат на теоретичари на заговор или пак на расисти.

„Порано, ќе напишевме писмо и ќе речевме „ова е навистина лошо писмо“, ќе го оставевме на маса и утредента ќе речевме „мило ми е што не го испратив“. Но, така не правиме на Твитер, зарем не? Веднаш тоа го објавуваме“, изјави Трамп и откри дека неговите советници често после објавите на Твитер му се јавуваат.

Американскиот претседател призна дека ужива на социјалните мрежи: „Понекогаш тоа го сакам, понекогаш премногу“.