Рамадани: Со скандирањето на УЧК, Груби испрати порака до „шефовите“ од ВМРО – ДПМНЕ!

0
1021

ramadan-ramadaniЗошто обидот за скандирање – ‘УЧК, УЧК…!’ на носителот на листата на ДУИ во Првата изборна единица, Артан Груби, на конвенцијата за промовирање на партиските кандидати за пратеници, не беше пречекано со овации и воодушевување кај приврзаниците на ДУИ, објаснува за ЦИВИЛ Медиа, аналитичарот Рамадан Рамадани.

„Прво, пораката требаше да се испрати до структурите кои владеат со Али Ахмети, а тоа е – ВМРО-ДПМНЕ, со цел да работат на теми како што се – федерализација, двојазичност, за да ја избегнат најголемата тема за следните избори, а тоа е -криминалот и узурпацијата на државата. Второ, тоа беше фрапирачки чин на човек кој е на погрешно место во погрешно време. Трето е степенот на неодобрување и исвиркување, кои доаѓаат за еден човек кој очигледно, не припаѓа таму“, истакна Рамадани.

Вчерашниот говор на конвенцијата за претставување на кандидатите на ДУИ за изборите, Груби го започна со „Добровечер на сите, УЧК, УЧК, ајде сите заедно УЧК…!“ Но, откако не го „запали“ членството, продолжи со говорот.

Извор: Цивил