ЕВЕ ЗОШТО ВОДИ НА СИТЕ АНКЕТИ НАШИОТ ПЕТРЕ: ПОВАЖНО МИ БЕШЕ ГРАЃАНИТЕ ДА ДОБИЈААТ ПОКВАЛИТЕТЕН ГРАД ОД ТОА ГРАДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ДА РАБОТИ ВО НОВИ КАНЦЕЛАРИИ

0
1074

„Побитно е граѓаните да добијат поквалитетен град од тоа градската администрација да работи во подобри канцеларии. Сепак, до крајот на мојот мандат, јавноста ќе види дека и градската администрација ќе биде сместена во ново седиште во мојот следен мандат“ кажа градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во гостувањето на Дневникот на Сител ТВ во врска со продажбата на градската куќа.

Тој кажа дека за него било поважно да се развие инфраструктурата на градот и додаде дека двата моста кои се градат во Аеродром и Карпош чинат по шест милиони евра.

„Ми смета кога за локални избори зборуваме за сува политика. Решавањето на секојдневни проблеми е се освен сува политика. Јас направив 4 булевари, а денес го почнавме и вториот мост во мојот мандат. Тоа не е за партиски членови, туку за сите граѓани“ рече Шилегов.

Градоначалникот кажа дека од фундаментални проекти од прорамата во 2017 не се реализирани тунелите под Кале и крстосницата кај Мавровка, бидејќи се потребни дополнителни анализи за истите.

„Стратегија за град не се прави едноставно. Стратегиите кои ги создадовме во првата година резултираат со сето ова што се случува сега. 40 години пред моето доаѓање во Скопје се зборуваше за трамвај. Ние проценивме дека не можеме финансиски да издржиме трамвај и предвидовме Бас Рапид Транспорт, кој е алтернатива. Не удривме камел темелник, па после да се чудиме каде ќе ги најдиме парите“ рече Шилегов.