ЗА ПОДДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Е ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА СУБВЕНЦИИ: БАРАЊАТА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СУБВЕНЦИИ ДА СЕ ДОСТАВУВААТ ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ

0
171

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите земјоделци дека рокот за поднесување барања за добивање на финансиска поддршка во земјоделството по Програма 2021 година, наместо до крајот на мај се продолжува до крајот на јуни.

Ова продолжување на рокот е на барање на земјоделците и со цел сите земјоделци да го искористат правото за добивање финансиска поддршка за мерките од годинашната Програма за директни плаќања.