Царинската управа на Рeпублика Македонија потпиша меморандуми за соработка со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и ДХЛ Експрес

0
1041

Царинската управа на Рeпублика Македонија потпиша меморандуми за соработка со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија(Претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, г-ца Нина Ангеловска ) и ДХЛ Експрес Македонија(директор на ДХЛ Експрес Македонија г-дин Радослав Нановиќ).

Меморандумите за соработка се потврда дека Царинската управа се води од заеднички принципи на постапување и делување, разбирање на партнерите, земајќи ги во предвид предностите и современите текови на електронската трговија која ги вклучува сите трансакции реализирани од далечина, со користење на електронски или дигитални платформи.

Меморандум за соработка претставува пристапување на Царинската управа на Република Македонија во почесно членство во Асоцијацијата за е-трговија. Потписниците на Меморандумот соработката ќе ја остваруваат преку споделување на релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонeсуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата, за потребите на корисниците на услугите, како и преку споделување на тековни и нови искуства, релевантни за област на дејствување и соодветната целна група.

Меморандумот за соработка со ДХЛ Експрес Македонија ќе придонесе за зајакнување на борбата против трговијата со нелегални стоки и обезбедување на сигурен превоз на брзите пратки, промовирање на ефикасна размена на информации , изнаоѓање на практични решенија за взаемна помош при идентификување на пратки со поголем ризик и обезбедување на брз третман на пратките, без да биде доведено во прашање сигурноста и безбедноста на граѓаните. На ваков начин ќе се унапреди меѓусебната соработка и ќе се зголеми свеста од негативните ефекти на нелегална трговија и транспорт што ги предизвикуваат најновите појави, облици и предизвици на шверцот на стоки. .

Мерките регулирана со овие два Меморандуми, ќе резултираат со зголемена успешност во олеснување на трговијата со пратки, наплатата на приходи и подигнато ниво на заштита и безбедност, во услови на избалансираност помеѓу олеснети услови за непречен проток и оптимизирана контрола на стоката и пратките, како и правилна примена на царинските прописи