АНТИКОРУПЦИСКА БАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИТЕ ДОДЕКА НЕ СЕ УТВРДИ НИВНИОТ БРОЈ И ПОД КОИ УСЛОВИ ДЕЛ ОД НИВ ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ

0
708

“Да се повлече актуелниот Предлог закон за легализација на бесправно изградените објекти, да се направи попис и категоризација на дивоградбите за да се утврди нивниот точен број, па потоа да се изработи ново законско решение во кое точно ќе се прецизира кој и каков објект, како и каде и под кој услови ќе може да се легализира” – ова е дел од главните заклучоци на онлајн јавната дебата иницирана од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за уредување на правниот статус на бесправно изградените објекти.

Како причина за барањето за повлекување на законското решение, кое беше донесено од Собранието но претседателот Стево Пендаровски одби да го потпише, беше наведен фактот што согласно процедурите остануваат само 30-тина дена за измени на постојното законско решение пред Собранието повторно да го разгледа, кои што не се доволни за да се спроведе јавна расправа и да се вметнат сите забелешки од стручната фела.