Верушевски пуштен на слобода, РЕЖИМОТ веднаш му се освети на судијата кој ја донел одлуката – по казна прераспределен?!

0
920

Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1-Скопје донесе решение со кое му се укинува притворот на разузнавачот Зоран Верушевски. Верушевски, за кого се очекуваше дека ќе му биде изречена алтернативна мерка куќен притвор, по цели 11 месеци минати во затворот „Шутка” е на слобода.

Според сознанија на „Утрински весник“, одлуката за ослободување на Верушевски била донесена уште минатиот петок, но поради погрешно запишан број на неговата патна исправа, притворот беше укинат во текот на денешниот ден. Според истите извори, претседателот на Кривичниот совет, судијата Огнен Ставрев, откако ја донел одлуката за Верушевски, во текот на денешниот ден добил решение со кое бил распределен во Одделот за прекршоци на „скопска единица”. Низ судските кулоари се шпекулира дека ова е своевидна казна за судијата, кој се до денес работеше во Одделот за организиран криминал. Инаку, Зоран Верушевски беше последниот од обвинетите во случајот „Пуч“, кој се до денес ја издржуваше мерката притвор.