Режимот должи на сите можни страни: Државниот фонд им должи на приватните пензиски фондови околу 13 милиони евра

0
968

Кој и зошто навреме не ги исплаќа милионските суми пари на граѓаните кој државниот пензиски фонд треба да ги исплати на приватните пензиски фондови. Се работи за долг од околу 13 милиони евра. Фондот за пензиско и ивалдиско осигурување молчи, пренесе 24 Вести.

Ниту министерството за труд и социјална политика не даде објаснување за доцнењето во префрлањето на парите. Од агенцијата за супервизија МАПАС ја потврдуваат информацијата дека државниот пензиски фонд доцни со уплата кај приватните фондови.

Потврда за неисплаќањето на парите има и од НЛБ пензискиот фонд. ПИОМ нередовно им префрла сретства, а со тоа се губат пари кои се наменети за дополнителни инвестиции, велат од НЛБ. Сепак ги смируваат граѓаните, не треба да бидат загрижени бидејки тие ги регистрираат на сметките на членовите веднаш штом ќе добијат информација дека работодавачот им ги уплатил придонесите.

“Овие задоцнувања практично се случуваат од лани, декември. Се работи за долг од околу 6 милиони евра што го има ПИОМ кон членовите на НЛБ Нов пензиски фонд. Доцнењето во исплатата е околу еден ипол месец иако закоснката обврска предвидува средствата во висина од 6%, во рок од пет дена по уплатата на продонесите, да се префрлат на сметка на приватните задолжителни фондови“ – велат од НЛБ

Од КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд испратија известување до надлежните институции каде бараат навремено префрлање на придонесите.

Заклучно со 15. декември 12.2015 година, Фондот на ПИОМ нема уплатено околу 7 милиони евра. Овие пари, веќе се евидентирани на личните сметки на членовите на задолжителниот пензиски фонд преку датотеки од Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС), иако реално не се уплатени.

По овие законски прекршувања експертската јавноста прашува кој ќе ја понесе одговорноста за тоа што парите на граѓаните незаконски се задржуваат, на место навремено да завршуваат на сметката на приватните фондови кои пак тие пари освен да ги менаџираат треба да ги оплодуваат односно да донесат добивка за осигурениците . Инаку во земјава има околу 300 илјади пензионери . Владата на неколку пати им ја зголемуваше пензијата.Според експертите без кредити и задолжувања државата не може да обезбеди редовна исплата на тековните буџетски потреби.