УПОРНО МАНИПУЛИРААТ СО РОДИТЕЛИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ПОЛИТИЧКА ПРЕСМЕТКА ПРОТИВ МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА: ИНИЦИЈАТИВАТА ПРОТИВ ОБРАЗОВНИ РЕФОРМИ ПОВТОРНО ЌЕ СОБИРА ПОТПИСИ ЗА РЕФЕРЕНДУМ

0
784

Граѓанската иницијатива “Учебници и настава мора да има” со позадинска поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, од денеска до четврток во подрачни одделенија на Државната изборна комисија во Скопје и Битола, одново ќе собира потписи за да се иницира референдум, за граѓаните да се изјаснат за Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование. Во Собранието минатата недела не беше прифатена нивната иницијатива зашто потписите не биле собрани согласно Законот за референдум.

Собраниската Комисија за политички систем и Законодавно-правната комисија во средата заклучија дека нивната иницијатива е неуредна зашто не е поднесена во форма предвидена со членовите 66 и 70 од Законот за референдум односно потписите не се собрани пред овластена институција каде што во работно време треба да се потпишат и потврдени со печат од институцијата.

Иницијаторите кои дејствуваат здружени во фејсбук група соопштија дека поднеле барање до ДИК за отворање изборни органи за собирање на првите 100 потписи од граѓани, потребни за да се оформи предлог за иницирање референдум на државно ниво што потоа ќе го поднесат повторно во Собранието.