ДЕБЛОКАДА НА СОБРАНИЕТО: УТРЕ ЌЕ СЕ ГЛАСААТ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИТЕ ЗА КОИ ШТО Е ЗАВРШЕНА РАСПРАВАТА, ВО ЧЕТВРТОК ЌЕ ИМА СЕДНИЦА ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА

0
776

Собранието на Република Северна Македонија утре ќе продолжи со веќе почнатата 41. седница од минатата недела на која би се гласале сите точки што веќе биле усвоени на комисиите и за кои расправата завршила. Во четврток, Собранието ќе одржи седница за поставување пратенички прашања. Ова било договорено на денешната средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи.

За интерпелациите на министерот Бојан Маричиќ и вицепремиерот Љупчо Николовски кои што се на дневен ред на 41. седница, на координацијата немало договор но од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека тие остануваат за јуни.

Утре или задутре би требало да биде закажана седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која би се расправало за законот за државјанство, по постигнатиот договор на Алијанса на Албанците и Алтернатива и СДСМ. Сепак дали ќе дојде до конечна разрешница во однос на ова решение, ќе се знае откако предлозите ќе ги види и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива велат дека кога ќе помине нивниот предлог, кој е делумно изменет, ќе ги повлечат нивните амандамни со кои се блокираат низа други закони.