Селмани : Ќе имаше многу поголема тежина предлогот на ДУИ, да не беше сега дадена понудата, туку пред да се формираат коалициите и листите

0
1092

Поранешниот кандидат за претседател, Имер Селмани во вечерашното гостување на ТВ 24 ја коментираше понудата на Али Ахмети за прв Албанец премиер.

Ова е предизборие во секој случај и е легитимна понуда. Секој на избори оди со понуда за која би добил повеќе гласови. Ова е легитимно и кај дел од граѓаните ќе побуди мотивација да гласаат повторно ДУИ. Ќе имаше многу поголема тежина, да не беше сега дадена понудата, туку пред да се формираат колаициите и листите. Ако го понудеше ова на сите албански партии. Вака остава сомнеж зошто ДУИ сама без коалиција, го нуди ова.

Легитимно е и опозиционите партии да ја критикуваат идејата, зашто тоа е голема идеја, но е тешко оставралива без поголема мобилизација имајќи го во предвид тоа дека за формирање влада потребни се 61 пратеник.

Но, и да имаме една коалиција на албански партии, таа може да освои околу 30 пратеници.
Борбата за голем Албанец и голем Македонец треба да се остави зад нас и да се фокусираме на квалитетна понуда, смета Селмани.