ЦУК : СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ НА СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА ОТПОРНОСТ НА НАТО ВО БРИСЕЛ

0
501

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, учествуваше на Инаугуративниот состанок на Комитетот за отпорност на НАТО во Брисел на 19.05.2022.

Сојузниците потврдија дека отпорноста на нашите држави, мобилноста и интероперативноста на нашите сили се клучни за навремен и ефективен одговор на сите можни закани. Брзата реакција и опоравувањето од криза се и силно одвраќање и подготвеност за справување со кризи.

Република Северна Македонија е подготвена да го унапреди пристапот на вклученост на целата влада во овие напори, да ја зголеми отпорноста на општеството и со тоа да придонесе на колективната отпорност на безбедносни ризици.