(ВИДЕО) Со импозантен граѓански марш, Прилеп го одбележа Денот на народното востание

0
1350

Неколку илјади граѓани на Прилеп беа дел од денешниот граѓански марш, кој во чест на 11.Октомври, Денот на народното востание, го организираше Општина Прилеп.

На непрегледната колона од почитувачи на делото на антифашистичката револуција, и’ се приклучија претставници на локалната власт, Сојузот на борци, политички партии, здруженија на граѓани, ученици од прилепските основни и средни училишта, како и официјалните делегации кои полагаа цвеќе на спомениците и спомен обележјата во Прилеп.

Во чест на паднатите борци, граѓаните маршираа од меморијалниот музеј „11.Октомври“, односно Участакот, до Паркот на револуцијата каде делегациите се поклонија пред бистите во Алејата на народните херои и положија свежо цвеќе на споменикот „Жена борец“ и Могилата на непобедените.