(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски донира две специјализирани комбиња на итната медицинска помош на град Скопје

0
1229

👍 Донирав две специјализирани комбиња за итната медицинска помош на градот Скопје. 🚑 Горд сум што заедно со компанијата ISC системи од Република Чешка успеавме да ја реализираме оваа донација, која ќе им помогне на екипите од итната медицинска помош навремено да ги вршат свотие работни активности. Со тоа навремено и брзо ќе можат да реагираат на повиците и да им излезат во пресрет на граѓаните на град Скопје. Заедно со преостанатите 12 комбиња кои Министерството за здравство ги набави минатата година, целосно се модернизира возниот парк на итната медицинска помош во градот Скопје.