(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА, БОРЧЕ ГЕОРГИЕВСКИ СО ФИНСКА ПЛАТФОРМА ВО ОПШТИНАТА : Заедно со град Скопје се започна целосната обнова на Финскиот парк во Гази Баба!

0
1306

Општина Гази Баба работи на подобрување и зачувување на животната средина. Чиста и зелена општина е нашата цел на која работиме.

Токму затоа општина Гази Баба заедно со град Скопје и Јавното претпријатие “Паркови и зеленило” започнува голем проект за целосна обнова на Финскиот парк во Ченто.

На овој простор од 13.000 квадратни метри се планира да се изврши обнова и ново холти – културно уредување, нова урбана опрема, обнова на спортското игралиште, како и на паркот за миленици.

По долги години за прв пат се подигнува или уредува нов парк во општина Гази Баба. Во овој парк ќе доминира зеленилото, наместо бетон и споменици. Со овој голем проект најавуваме почеток на раззеленувањето на општината и обнова на постојното јавно зеленило во општината.

Лоциравме повеќе локации низ сите населени места и во периодот што ни претстои ќе работиме на истите, како нови мини паркови и скверови.

Сакам да упатам апел до сите граѓани, да дадат поддршка во овој проект, со што ќе ја чуваат чиста општината и ќе се грижат за овие паркови и опремата која ќе биде поставена во истите.