ЃОРЃИЕВСКИ ЗА ,,ТРИЛИНГ” : ДОКОЛКУ ВЛАДАТА НЕ ПОДДРЖИ ТАА НЕ НИ ПОМАГА КАКО ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ТУКУ НА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ, ИСКРЕНО СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ВЛАДАТА НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ПОЛИТИКАТА ДА СЕ ВМЕША КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ГРАЃАНИТЕ

0
521

🎬 Краток исечок од вчерашното гостување во емисијата ,,Трилинг” со Горазд Чомовски, каде зборувавме за односот на Владата кон градоначалниците и граѓаните, истовремено.

👥 Ние се договараме за да не се договориме, така беше и на последната средба која ја имавме, констатираме веќе констатирана состојба.

Владата не ни помага нас како градоначалници туку на нашите сограѓани, кои патем се и сограѓани на владините претставници вклучувајќи го и премиерот.
☝️ Искрено се надевам дека владата нема да дозволи политиката да се вмеша кога станува за доброто на граѓаните.

❗ Но јас нема да се жалам! Јас уште во кампањата говорев дека сум апсолутно свесен за сите предизвици кои следуваат, доволно свесен за лошата финансиска состојба на општината која ја затекнав и кажав дека во ниеден момент нема да се жалам.

💪 Јас ќе се снајдам како татко на општината и ќе ја извадам на прав пат, ќе сработам многу повеќе од тоа што е сработено во минатото, со или без помошта на владата.