ЕРДОГАН ПОБЕДИ ВО ВТОРИОТ КРУГ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ТУРЦИЈА

0
328

Со нешто над 98 проценти обработени гласачки кутии актуелниот Ердоган води пред противкандидатот опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу со 52.12 наспроти 47.88 проценти од гласовите.

Според новинаската агенција Анадолу за Ердоган гласале 26.891.260 гласачи, додека за Киличдароглу 24.706.361.

Иако државната комисија сѐ уште официјално не го прогласи за победник, честитки за новиот мандат на Ердоган започнаа да пристигнуваат од странство. Прв му честиташе катарскиот емир Тамим Бин Хамад, а за неспорната изборна победа честитки пристигнаа и од унгарскиот премиер Виктор Орбан.