СТОПЕНИ СЕ РОЛЕТНИТЕ НА ПРОЗОРЦИТЕ НА ОКОЛНИТЕ ЗГРАДИ – ПОЖАРОТ ВО УНИВЕРЗАЛНА ГО ГАСНЕА 24 ПОЖАРНИКАРИ СО 9 ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА

0
82

Засега не се познати причините за пожарот, а за среќа, нема повредени лица во пожарот, туку причинета е само материјална штета, рече Звонко Томевски, командант на ППЗ Скопје.

Со 9 противпожарни возила и со 24 пожарникари успеавме да го изгаснеме големиот пожар кој утринава во 9.50 часот избувна во Универзалната сала во Скопје, изјави Звонко Томевски, командант на ППЗ Скопје.Тој рече дека благодарение на пожртвуваноста на пожарникарите, пожарот за многу кратко време бил ставен под контрола и било спречено негово ширење во околните објекти.

– Во самиот објект имаше многу висока температура. Засега не се познати причините за пожарот, а за среќа, нема повредени лица во пожарот, туку причинета е само материјална штета. Имаше густ чад, температурата беше доста висока, а на околните згради има оштетување на ролетните – рече Томевски.