КОВАЧЕВСКИ : ВИДОВМЕ ДЕКА НИШТО НЕ Е ПРОМЕНЕТО ВО ДПМНЕ, ТОА Е ИСТАТА ПАРТИЈА ОД МИНАТОТО

0
64
ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски немаат визија за иднината на Македонија, тоа е факт, но деновиве покажаа дека сакаат да не вратат назад, покажаа злоупотреби на медиуми, апсење новинари, фалсификување анкети, злоупотреба на државни институции, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска на митинг на кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски попладнево во Кисела Вода.
-Покрај тоа што немаат визија, во ВМРО ДПМНЕ немаат ниту храброст да донесат државнички одлуки. Знаат само да се кријат и да избегнуваат одговорност.  Погледнете што му се случува на вашето Скопје. Ветуваа се и сешто, а не можат ниту ѓубрето да го исчистат. Општините водени од ВМРО ДПМНЕ стагнираат, се гушат во нерешени комунални проблеми. Ако не можат да го исчистат Скопје, замислете што ќе се случи ако треба да ја водат државата, рече Пендаровски.
Тоа можеме заедно да го спречиме, со глас за членство во ЕУ, за слобода и демократија со Коалицијата за европска иднина и глас за Стево Пендаровски, додаде тој.
Ветуваме европска иднина со слободни граѓани и медиуми, одговорни јавни институции, решителна борба против корупцијата и криминалот, повисоки плати и пензии, подобар живот за сите, потенцираше Ковачевски во обраќањето.

-Ние имаме план, имаме визија и не се откажуваме од европска иднина. Победата ќе почне уште на 24-ти април на првиот круг од претседателските избори! Победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски! А за точно еден месец од денеска, на 8-ми мај, ќе прогласиме нова голема победа за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија. СДСМ ќе ја формира новата проевропска влада, а Стево Пендаровски повторно ќе биде Претседател, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.