РАМО ДО РАМО СО ГРАЃАНИТЕ НА ОХРИД : СДСМ ЈА ВОДИ ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

0
485

Денеска, во рамки на интензивните теренски активности на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски и генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски беа рамо до рамо со граѓаните на Охрид.
Претседателот Ковачeвски на маалска средба со граѓаните рече дека овој викенд, раководството на СДСМ на работилница токму во Охрид, донесе одлуки за повеќе важни, клучни иницијативи за иднината на земјата кои ќе бидат имплементирани во наредниот период.
– СДСМ ќе ја преводи иницијативата за продолжување на патот кон Европа, да се направат сите неопходни реформи и уставни измени кои се неопходни. Патот кон Европа мора да продолжи и нема да дозволиме да биде блокиран од евтиниот популизам и непромисленоста од лажните националисти. Рамо до рамо со вас, граѓаните, ќе продолжиме да се бориме за подобро утре и да ја завршиме работата, затоа што тоа им го должиме на сегашните и иднинте генерации. Надежта за европска иднина е жива, рече Ковачевски.
Генералниот секретар Зечевиќ рече дека македонските социјалдемократи се рамо до рамо со граѓаните, да дадеме отчет за сработеното, да ги слушаме граѓаните и заедно со народот да се бориме за подобро утре.
-Преку разговор, заедничка решителност, со труд, со работа, со посветеност да се бориме за подобро утре. Рамо до рамо, до нова победа. Знаеме колку е важна европската иднина. СДСМ го води овој процес, затоа што СДСМ е партија на народот, која државотворно се однесува денеска како и во сите премрежја од современата македонска историја. Знам дека не е лесно, предизвици има многу. Но, заедно сме поминале и многу потешки периоди. Мора заедно да истраеме, мора заедно да се бориме.  Да продолжиме напред, силно и одлучно. Да го мобилизираме целото општество околу европскиот концепт, да ги изодиме сите чекори и заедно да обезбедиме нова победа за европска република, рече Зечевиќ.