По јавно изјавената поддршка од страна на Богдан Илиевски до сега притворениот Ламбе Алабаковски, Бетмен на својот профил напиша ,,Чкембари да си го сменет името во Алабаци.#OneManArmy ” на што фејсбук профил на навивачката група ,,Чкембари” од Битола жестоко му врати :
- Ние сме само и само поддржувачи на Пелистер. Не малце пати сме биле таму кај шо било најпотребно за Македонија, и секој пат сме биле изиграни и излажани баш од такви како тебе. Мрсулковци шо чекат да капни некоја банка за да го продат газот под кирија. После ова нема да ти е сеедно, ти ветуваме квази револуционеру