ГЕНЧОВСКА ОД БИТОЛА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ОПОЖАРЕНИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ,,ИВАН МИХАЈЛОВ” : ОВА Е ШАНСА МАКЕДОНИЈА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА СЕ БОРИ ПРОТИВ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА

0
677

Овој инцидент нема да ги наруши односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, но откривањето на сторителите на овој чин ќе биде доказ дека тука навистина се вложува сила за борба против говорот на омраза, изјави Теодора Генчовска, министерката за надворешни работи која денеска дојде во Битола по инцидентот со палењето на влезната врата на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“.

Бугарската министерска е во дводневна официјална посета на Македонија и претпладнево во Скопје имаше средба со нејзиниот македонски колега Бујар Османи.

„Началникот на полицијата во Битола ме увери дека преземени се сите мерки на ниво дежурен обвинител, криминалисти и во најбрзо време ќе дадат резултати и се надеваме на работа на судот за да има конечна разрешница“, рече Генчовска и додаде дека се враќа во Скопје каде продолжуваат преговорите меѓу двете министерства.