МИНИСТРИТЕ ЗА НАДВОРЕШНИ БУЈАР ОСМАНИ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА ОДРЖАА ЗАЕДНИЧКИ РАБОТНИ СРЕДБИ КАКО ДЕЛ ОД ДВОДНЕВНАТА РАБОТНА ПОСЕТА ВО ЗЕМЈАВА

0
401
Министерот Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија, Теодора Генчовска заедно со тимовите на министерствата за надворешни работи денес одржаа работна средба како дел од дводневната работна посета во Северна Македонија.
Разговорите протекоа во пријателска и конструктивна атмосфера во функција на продолжување на дијалогот меѓу двете министерства за надминување на отворените билатерални прашања согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и унапредување на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија.
Разговорите ќе продолжат и во текот на наредниот ден и дополнително ќе се интензивираат во периодот кој претстои во насока на изнаоѓање на взаемни решенија за остварување на споделената цел за унапредување на европската иднина на Северна Македонија.
За време на средбата заеднички беше остро осуден инцидентот во Битола. Двете министерства ќе продлжат да наоѓаат взаемно прифатливи решенија и да ги унапредуваат билатерталните односи помеѓу двете земји.