СДСМ: Наместо за лажниот барок, парите ги враќаме кај граѓаните!

0
1026

СДСМ излезе со соопштение во кое посочува дел од нивните економски мерки за намалување на трошоците за живот.

Еве што стои во соопштението на СДСМ:

Ќе ги насочиме сите пари од државата кон граѓаните, за да ги намалиме трошоците за живот, секаде каде што е можно, освен што ќе ги покачиме платите.
Сиромашните ќе плаќаат помалку, а богатите ќе плаќаат повеќе. Нашата определба е фер даночен систем Семејствата со најнизок доход ќе бидат целосно ослободени од плаќањето јавни услуги. Се грижиме и за еднородителските семејства. Оние со пониска плата од просечната, ќе бидат ослободени од такса, јавен превоз, општински комунални давачки, давачки за градинка, за основно училиште.

Ќе воведеме енергетски ваучери за струја и затоплување, за да им помогнеме на најзагрозените. Рековме дека ќе ја вратиме евтината тарифа на струјата. Граѓаните ќе имаат по два часа евтина струја и во текот на денот, а наместо само во недела, евтина струка ќе користат цел викенд.
За младите, ќе воведеме студентска платежна картичка со попусти за меѓуградскиот превоз и влезници за спортски и културни настани. На пензионерите со ниски примања, кои немаат свој имот и немаат поддршка од семејството, државата ќе им помогне да бидат сместени во старски дом.

Ќе воведеме бесплатно болничко лекување за сите, за секој да може болнички да се лекува, ничие здравје да не зависи од тоа дали има пари.
Ќе субвенционираме 50 проценти од комуналниот надоместок за индивидуални станбени куќи до 150м2, за да им помогнеме на граѓаните кои имаат потреба од дом.

Како што најавивме, секој граѓанин ќе добива назад по 15 проценти од платениот ДДВ во фискалните сметки и тоа, на крајот на годината ќе значи плата плус во секое семејство.

За сите граѓани ќе ја укинеме радиодифузната такса, што е уште една давачка помалку за семејствата.

Цената на зелениот картон ќе биде намалена, а ќе ги намалиме и судските, адвокатските и извршителските трошоци.
Ќе ги намалиме трошоците и на земјоделците, ќе ги ослободиме од плаќање персонален данок оние чија основна дејност е земјоделството. Ќе добиваат и субвенции до 50% за нафта и механизација, за да имаат помали трошоци за производството и да им остануваат повеќе пари во семејниот буџет.

Ова се само дел од мерките со кои ќе обезбедиме пониски давачки. Паралелно ќе ги качиме минималната и просечната плата за граѓаните, платите на лекарите, на наставниците, со што ќе овозможиме за граѓаните достоиствен животен стандард.

Да нема гладни и боси деца, семејства на улица, семејства без струја и греење на минусни температури како сега, само затоа што на досегашната власт поважни и беа милионските заработки од тендерите за лажниот барок, за што ги трошеа народните пари.
За да се реализира Планот за живот потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија. Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот кој го избравме.