Одобрен обвинителниот акт за „Диво Насеље“

0
1102

Основниот суд Скопје 1 соопшти денеска дека го одобрува обвинителниот акт за тероризам и терористичка организација за случајот Диво Насеље против 29 обвинети.

Судот ги отфрли приговорите на обвинетите како неосновани. Од судот не наведоа кога на обвинителната клупа ќе седнат обвинетите.

На 9 и 10 мај во кумановското Диво Насеље дојде до судир меѓу македонската полиција и вооружена група. Во судирите загинаа осум полицајци и десет припадници на вооружената група.