Албанија ќе ги отвори границите за Албанците од регионот, Димитров вели ќе се отворела границите и за сите граѓани на Северна Македонија

0
1121

„Преземаме чекори во согласност со добро промислен план и тоа не го правиме постепено, туку напротив. Подготвени сме повторно да ги отвориме нашите копнени граници“, изјави Рама.

Тој нагласи дека Албанија е успешна приказна во глобалната војна со коронавирусот и најави дека наскоро ќе се отворат и плажите.

„Хотелите ќе можат да ги отворат своите приватни плажи на 1 јуни, додека од 10 јуни се отвораат и јавните плажи“, кажа Рама.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека разговарале со албанските власти во врска со отворањето на границата и мисли дека отворањето ќе биде за сите граѓани, откако албанската државна новинска агенција АТА пренесе изјава на премиерот Еди Рама дека Албанија на 1 јуни ќе ги отвори границите за Албанците од соседните држави.

„Разговаравме со Тирана, во моментов работат на конкретен план во поглед на отворањето на границите и од тоа што го слушнавме, мислам дека нивниот пристап ќе биде инклузивен односно ќе се однесува на сите граѓани од регионот“, изјави Димитров за САКАМДАКАЖАМ.МК.