(ВИДЕО) Премиерот Заев од Тетово: Определивме 15 милиони евра против аерозагадувањето, преку нив 10.000 домаќинства ќе добијат инвертери за замена на грејните тела, парите не одат во споменици, туку во гасификација

0
856

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите пред почетокот на владината седница во Тетово, даде одговор на новинарски прашања поврзани со владините мерки против аерозагадувањето:

„Десет милиони евра најдовме пари. До два милиони евра определуваме во буџетите, директно за еколошки програми. Ги зајакнавме сите програми на екологијата. Парите не одат во споменици, музеи, одат во гасификација. Спомнавме, само 29 милиони за 76-те километри за овој северозападен дел од државата. Да не зборувам за сите филтри, интервенциите во училиштата.

Апелираме до граѓаните, барем оние побогатите да ги сменат системите за греење. Никојпат, никој не носел вакви одлуки. „Југохром“ е затворен“, рече премиерот Заев посочувајќи дека Владата презема мерки чија цел е заштита на здравјето на сите граѓани подеднакво.