ФИЛИПЧЕ ГО ЗАПУКА ВЛАДИКАТА АГАТАНГЕЛ : ЈАВНО ГО ПОВИКУВАМ ВЛАДИКАТА АГАТАНГЕЛ ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ПОВИКОТ ЗАТОА ШТО ТАКА ЌЕ ГО ЗАГРОЗИ ЗДРАВЈЕТО НА СИТЕ ТАМУ!

0
993

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека повикот на епископот на Повардарската епархија Агатангел верниците масовно да дојдат во црквите за Задушница е спротивен на се она што го прават здравствените власти за спречување на ширењето на заразата на коронавирус. Тој побара од епископот да го повлече повикот за да не дојде до загрозување на здравјето на граѓаните.

„Го повикувам епископот да го повлече повикот, тој е спротивен на сѐ она што го правиме и спротивно на уредбите на Владата. Ако тоа се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите таму“, кажа Филипче на промоцијата на 20 респираторни машини од донација од Европската Унија.

Повардарската Епархија на МПЦ-ОА денеска ги повика верниците од црквите во велешко, кавадаречко, неготинско и гевгелиско, масовно да ги посетат храмовите за Задушница и да носат со себе варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели.

Извор : НоваТВ