(ВИДЕО) АХАХАХАХ … КОЈА БУДАЛА МАФИЈАШКА : Хоштаплерот на Грујо, Сеад Кочан бегајќи од новинарите со неговиот адвокат по грешка влетаа во пиљара наместо да влезат во СЈО!

0
3668

Бизнисменот Сеад Кочан на распит во СЈО. Дојде со адвокатот Никола Додевски. Наместо да влезат во Специјалното јавно обвинителство, првин ја згрешија вратата и влегоа во една блиска продавница. Вратата на Кочан му ја отвори неговиот адвокат. Кога видоа дека се во продавница која продава апетисани, брзо излегоа, пренесе Алсат-М.

Распитот на Кочан траеше околу четириестина минути. Ниту тој, ниту Додевски, кој е адвокат на речиси сите осомничени и обвинети од СЈО не застанаа за да дадат изјави. Избегаа од камерите и влегоа во автомобилот кој ги чекаше.

Новинар: “За што станува збор?”

“Немаме ништо, процедурална беше посетата.” – кратко одговори Никола Додевски, адвокат на Сеад Кочан

Сеад Кочан пред десет дена направи увид во доказите на СЈО против него. Тој е првоосоничен во случајот „Труст“. Според докзите кои ги обезбеди тимот на Јанева, Кочан формирал конзорциум и со лажни документи добил тендер од државата во вредност од над 17 милиони евра. Инаку сопственикот на „Трансмет“ беше во бегство повеќе од два месеца. Избега од земјава кога Кривичен и Апелација му одредија притвор. Се врати кога Врховниот суд ги укина решенијата на пониските судови. За Кочан да не помине ниту една ноќ во затворот во Шутка се погрижи кумот на екс-спикерот Трајко Вељаноски, старо-новиот шеф на највисокиот суд Јово Вангеловски. Слободата Кочан си ја купи со 900 илјади евра гаранција, а имот и сметките на „Траснмет“ судот ги замрзна.