БАРАМЕ РЕСОРИ ЗДРАВСТВО И ПРАВДА – АЛИЈАНСА ПОТВРДУВА ,,ЗА ТРЕТО МИНИСТЕРСКО МЕСТО ЌЕ ЗБОРУВАМЕ СО ДРУГИТЕ КАДРИ”

0
598

Министерството за правда останува еден од ресорите што целиме да ги раководиме, заедно со Министерството за здравство, информираат за МИА извори од Алијансата за Албанците околу преговорите за кадровските решенија при евентуален влез на партијата во Владата. Од партијата велат дека преговараат за овие два ресори, со оценка дека имаат кадровски капацитети за раководење со нив.

Извори од Алијансата за Албанците потенцираат дека за трето министерско место, останува да преговараат следните денови заедно со кадрите од вториот и третиот ешалон. Од партијата посочуваат дека приоритет ќе им биде борбата против организираниот криминал и корупцијата, и затоа, како што велат, инсистираат нивни кадри да бидат застапени во сите дирекции, институции и инспекторати кои се поврзани со овие области, како УЈП, Царината, полицијата… Според нив, не е услов да имаат прв или втор човек во овие институции, туку да нивни кадри да бидат застапени во сите овие институции на различни нивоа. Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вчера по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата се уште не е дефинитивно, но оти шансите за тоа се огромни. Тој потенцира дека околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, додека за кадровските решенија воопшто не било разговарано.