ЕВЕ УШТЕ ШАЈКИ ЗА ВМРОЕЦО ВЛАТЧЕ НАШ – Сугарески: Тендери за рехабилитација на преку 140 километри патишта во Пелагонија

0
774

Инвестициите во капиталните проекти се реализираат со големо темпо. Само овој месец преку ЈП за државни патишта ќе се распишат тендери за 7 патни прави во Пелагонискиот регион во должина од преку 140 километри и инвестиција од 25 милиони евра, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната работна посета во Прилеп.

Министерот заедно со градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој Николчо Бабовски, извршија увид во изградба на пат од Прилеп преку населените места Волково, Прилепец се до манастирот Свети Никола во должина од 5,5 километри.

“Имаме силна динамика на реализација на проектите во делот на патиштата, гасификацијата, железницата и комуналната мрежа. Некаде од август или септември преку ЕБОР ќе започнат да се работат седум патни правци со вкупна должина од 148 километри или инвестиција од 25 милиони евра. Меѓу овие седум патишта е и рехабилитација на патот од Фариш до Прилеп, инвестиција од преку 5 милиони евра со што ќе имаме комплетно нов рехабилитиран пат од Градско до Прилеп.  Претходно  завршивме со  рехабилитацијата на регионален пат Прилеп–Тополчани–Битола, патниот правец Прилеп – Прилепско езеро,  се рехабилитираше патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште, завршуваме со рехабилитација на патниот правец од Раец до Фариш, а веќе следната недела ќе се објави тендерот за изградба на канализација со пречистителна станица за н.м Мало Коњари”, изјави министерoт за транспорт и врски Горан Сугарески.

Проектите за изградба на овие патишта се дел од програмите за рурален развој кои Агенцијата ги реализира се со цел да се подобрат условите за живот и престој во руралните средини, истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, Николчо Бабовски.

“Општина Прилеп заедно со Плански Пелагонски регион имаат добиено 4 проекти или околу 1 милион евра. Агенцијата преку оваa програма за рурален равој финансира проекти во висина од 38 милиони евра со што покажуваме дека се грижиме за еднакви услови за живот, престој и развој на мали бизиси во руралните средини”, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, Николчо Бабовски.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски истакна дека овој пат е дел од голмиот инвестициски циклус што го работи општината во делот на патната инфраструктура.

“Само за овие три месеци направивме 25 километри патна инфраструктура во општината од кои 10 километри во градот и околу 15 километри во населенати места. Вчера започна и рехабилитација на патниот правец од Кадино село до Галичани и со тоа го заокружуваме пролетниот дел од градежната офанзива во Прилеп”, изјави градоначалникот Илија Јованоски.