САМИТ ВО СКОПЈЕ НА ГРУПАТА МИНИ ШЕНГЕН НА 28-29 ЈУЛИ, ВУЧИЌ: ДА ЈА ПОДИГНЕМЕ ДОВЕРБАТА И СОРАБОТКАТА НА НАШИТЕ ТРИ ЗЕМЈИ БИДЕЈЌИ ЕУ НЕМА ИНТЕРЕС ЗА ПРОШИРУВАЊЕ

0
1164

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека иницијативата “Мини Шенген” на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе го смени името на самитот во Скопје 28-29 јули. Трите земји ќе продолжат да работат со доверба едни во други.

Според него, сите што се залагале за Балканот – страдале, затоа што не можеле да си ги користат потенцијалите на Балканот.

“Кога ќе разбереме дека сме на европски пат, но и дека сами можеме да сториме повеќе во моментов, ајде да создадеме доверба и ако успееме да склучиме три договори до 29-ти јули, сите наши капацитети ќе бидат поголеми” – рече Вучиќ. Мини Шенген не е замена за европската интеграцијата на било која земја.

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека влезот на Србија во Европската унија не зависи само од Србите бидејќи и во самата Унија има заситеност од проширувањето.