Претседателството на ДУИ донесе одлука за учество во новата реформска влада предводена од СДСМ, која треба да се формира што е можно побрзо.
Бујар Османи, од Мала Речица каде што се одржува состанокот на централното претседателство на ДУИ изјави дека ДУИ го повикува Иванов да го додели мандатот бидејќи доставени му се 67 потписи.