ВО ХРВАТСКА Е ВО ТЕК ГОЛЕМА ОПЕРАЦИЈА ЗА ГОНЕЊЕ ВИСОКА КОРУПЦИЈА: УАПСЕНИ 5 ЛИЦА, МЕЃУ НИВ Е И ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ХРТ, БАЧИЌ

0
947

Во Загреб, во тек e нова голема операција на УСКОК и полицијата, во која досега се уапсени пет лица, а меѓу нив има и некои имиња познати на јавноста.

Според хрватските медиуми, уапсен е и генералниот директор на јавниот сервис на ХРТ, Казимир Бачиќ.

Апсењата се поврзани со сомневања за финансиски злоупотреби извршени за време на претходната градска администрација во Загреб, во текот на минатата година и во првата половина на оваа година.