ОПАААА, КАТИЦА ПОЧНА СО АПСЕЊЕ : Полиција во Батинци влегла во домот на Мунир Пепиќ, вработен во Полициската станица „Бе-ко“ и еден од главните пајташи задолжен за лажните лични карти

0
1090

Припадници на посебната полициска единица „Алфи“ од утрово се во скопско Батинци во домот на Мунир Пепиќ, вработен во Полициската станица „Бе-ко“, по налог на Специјалното јавно обвинителство, дознава ТВ21.

Изворите соопштуваат дека се врши претрес во куќа на еден од осомничените во „Титаник“. За сега нема официјални информации од МВР. СЈО ја потврдија акцијата но најавија за подоцна повеќе детали.

Инаку. во едно од решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со кое се одбива жалбата на СЈО, во однос на притворот на осомничените во „Титаник“, опишани се акциите на еден од осомничените со иницијали М.П.

Според порталот „Сведок“, се работи за за Мунир Пепиќ, вработен во Полициската станица „Бе-ко“.

„Осомничениот е посочен од осомничената Ј.Г. и сведоците Ф. С. и А. Е. како лице кое има најголем удел во целокупната активност на носење на лица на групно фотографирање за лични карти, како лице кое во управните служби се однесувало конфорно, речеси како претпоставен на сите вработени и лице кое ги носело лицата од П. (Пустец, н.з.) и Г., на фотографирање за незаконски лични карти, со живеалиште во Ц. (Центар, н.з.), па обвинителството смета дека опасноста од влијане на сведоците во конкретната ситуација, кога со наредба за спроведување истражна постапка на осомничениот на товар му се ставаат конкретни и сериозни кривични дела е повеќе од сигурна, при што се наведува дека осомничениот шетал вооружен, како и на денот на неговото испитување во просториите на обвинителството, па не може да се прифати фактот дека не постојат околности дека истиот ќе ја попречува истрагата со влијане врз сведоци“, било кажано од обвинител на СЈО, пред Кривичниот совет.

На осомничениот М.П. не му беше определен притвор.