(ВИДЕО) Пуштен во употреба мостот кој од Ваташа води кон селата под Кожуф планина, инвестиција вредна 500 000 евра

0
773

Директорот на Јавното претпријатие  за државни патишта, Зоран Китанов нагласи дека е ова убав ден за Тиквешијата, бидејќи се пуштаат три моста.

-Ова е прв мост нов изграден после 30 години во нашата држава. Во меѓувреме, заврши рехабилитацијата,  голема реконструкција на два моста на Вардар на Пепелиште  и на железничка на Вардар и тој е пуштен,  така што навистина е убаво чувството денес да си дел од Тиквешијата, им посакувам се најубаво на граѓаните од Тиквешијата, порача Китанов.

Во Кавадарци, рече, се завршени доста проекти, влезови, патишта од Росоман и се продолжува  и наредната година,  цела држава се рехабилитира, се реконструира.

-Оваа година Јавното претпријатие за државни патишта ги сруши сите рекорди откако постои. За една година, имаме близу петстотини  километри рехабилитирани патишта, нагласи Китанов.

Градоначалникот Митко Јанчев рече дека кавадарчани, посебно тука во село Ваташа, знаат  кое е значењето на овој мост.