ПОЧЕЛО ЈЕ ПОЧЕЛО, СЕ ПИКААТ ВО ЗАТВОР ГРУЕВЦИ : УТРОВО УАПСЕН Е МИТКО ЧАВКОВ, ДЕЛ ОД МОЗОКОТ НА ОПЕРАЦИЈАТА НА 27-МИ АПРИЛ!!!

0
3294

Утрово е уапсен поранешниот Министер за внатрешни работи Митко Чавков ,дознава Телма од полициски и извори од истрагата. Причина се инцидентите на 27 ми Април во Собранието на РМ.

На 27-ми април Чавков ја извршуваше функцијата директор на Бирото за јавна безбедност на МВР и раководител на штабот на МВР за протестите на За заедничка Македонија. Протестите по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието кулминираа со упад на демонстрантите внатре во Парламентот, откако пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски ги отворија вратите.

Чавков во моментите на насилствата во Собранието речиси два часа не му се јавувал на министерот Агим Нухиу. Првично Чавков тврдеше дека „бил со колегите на терен поради ситуацијата“. Но потоа истрагата откри дека за време на упадот и додека не се јавувал на Нухиу, бил во центарот на Скопје на стотина метри од Собранието. Неговиот мобилен телефон е лоциран на три базни станици во Центар (ВМРО, Италијанска амбасада и Алмако), а по објавувањето на веста Чавков тврдеше дека во центарот на Скопје бил од приватни причини.

Чавков никогаш не даде исказ или изјава за инцидентите и лошата полициска реакција на 27-ми април кога во Собранието од толпа пуштена во Парламентот, беа нападнати и тепани пратеници, новинари и обезбедувачи. Пред комисијата на МВР одбил да даде изјава затоа што им рекол дека тој е назначен од владата за директор и одговара во влада. Ниту еден обвинител не го повика до денеска на распит или да даде исказ.

Првично, обвинителството за организиран криминал и корупција кое го истражува 27-ми април најави дека ќе го повика Чавков откако ќе биде утврдена одговорноста за случувањата и кога ќе добие својство во постапката (осомничен, сведок или оштетен).

Последна прес конеференција Чавков одржа ден по крвавиот четврток, кога 6-мина началници во МВР и во специјалните единици ги повикал на состанок и работна средба, а наместо тоа ги донесе на прес-конференцијата да стојат зад него без да знаат дека во салата ќе има и новинари. Тогаш Чавков ги повикуваше начаниците со рака за да застанат зад него. Потоа Чавков зеде одмор и замина во пензија.

Во два наврати Митко Чавков ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи.

Извор : ТЕЛМА