АБЕ ЛУЃЕ, ДАЈ НЕ ПАНИЧЕТЕ МАЈКА МУ СТАРА

0
1317

Грујо нека си даде оставка, па за изборите на крај ќе видиме кога ќе бидат во зависност од тоа како одат целокупните реформи согласно договорот од Пржино! Овие моменти се случува една невидено шизофрена ситуација – дел од опозицијата навива и моли бога Грујо да не даде оставка!

И ако даде до вечер или утре, тие наши опозиционери наместо да се радуваат, ќе плачат?!?! Ова е една од најчудните политички ситуации и феномени во нашата политичка историја! Они се секираат дека ако Грујо дадеоставка тогаш датум на изборите е зацементиран. И затоа паничат и кризираат до бесвест! Но мислам дека нема потреба од сето тоа.

Едноставно, оставката на Грујо иако симболично е многу силна и важна, таа е сепак само еден мал дел од целокупниот договор од Пржино. Едноставно, Грујо да си даде оставка како попче, а за изборите кога точно ќе бидат ќе каже целокупната ситуација врз основа на тоа дали и како е се исполнето од договореното! Значи дури во Април ќе се знае колку од договореното е исполнето за да видиме дали имаме услови за избори. Но оставката на Грујо си е нај нормален дел од целиот процес! И НЕМА ПОТРЕБА ОД ПАНИКА! АЛО СЕ СЛУШАМЕ ЛИ?!

Ние самите поради паника и непромисленост се доведовме до тоа дереџе да ја чекаме оставката со страв и трепет наместо со еуфорија и радост! Оставката на Грујо мора да биде прославена на полоштади бре со трубачи и петарди!!!

А за изборите кога ќе бидат на крај ќе се утврди врз основа на факти на теренот, што е сменето, колку е сменето, има ли услови за фер избори или не! За се има аргументи и битка за мегдана! п.с Ова го пишувам тука затоа што пак ни рокна Мактел.мк, имаме проблеми со преголема посета а серверите ни се мали и не можат да го издржат тоа, но ќе го поправиме тоа следниве денови да не ми се секирате.

Пишува : Саше Ивановски, главен и одговорен уредник на Мактел.Мк портал