СПАСОВСКИ : СО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ИМААТ ПОБРЗИ УСЛУГИ И ПОЕФИКАСНА ПОЛИЦИЈА

0
384

„Целта на овие активности е зголемување на ефикасноста како во услугите кон граѓаните, така и во интерните процеси на министерството, но пред сѐ да се одговори брзо на барањата на граѓаните за јавни услуги кои стануваат сѐ почесто барани“, рече Спасовски. Тој на својот фејсбук профил информираше дека во периодот од 2017 до 2022 година МВР реализираше бројни активности во насока на дигитална трансформација на системите и процесите.

„Откако ова раководство стапи на чело на МВР, на стратешко ниво беа поставени активностите во насока на дигитализација и дигитизација, во контекст на реализација на целите коишто беа поставени во потпрограмите за „Развој на полицијата” и „Унапредување на заедничките функции на МВР”: унифициран и брз проток на информации во МВР; подобрување на услугите кон граѓаните и сервисна ориентација на МВР; повисока безбедност и надградба на телекомуникацискиот и информатичкиот систем на МВР, обезбедена квалитетна ИКТ инфраструктура и користење на нови технологии и мерки за информатичка безбедност“, потенцираше Спасовски.

„Мерките и активностите на МВР за дигитализација на услуги и процесите се комплементарни со Програмата DIGITAL, нова програма на ЕУ насочена кон приближување на дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација“, напиша Спасовски на Фејсбук.