УАПСЕН КРИМИНАЛЕЦ ВО СТУДЕНИЧАНИ КОЈ ИЗБОДЕЛ СО НОЖ ЧОВЕК ВО РЕСТОРАН, ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ ОД КУМАНОВО, ПРИВЕДЕНИ КРАДЦИ ОД ТЕТОВО

0
368

Одреден притвор за криминалец од Студеничани По преземени мерки и активности, на 19.11.2022 во 19.00 часот на ул.„Филип Втори“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар и Бит пазар го лишиле од слобода М.Ј.(22) од с.Студеничани, скопско, затоа што во 01.20 часот во угостителски објект на бул.„Партизански одреди“ со остар предмет му нанел повреди на Д.А.(36) од Скопје. СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со Јавен обвинител, против него поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 6, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор.

Приведени крадци од Тетово     На 20.11.2022 околу 12.35 часот во тетовско Сиричино, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово затоа што претходно противправно одзеле патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, а со кое нешто подоцна предизвикале сообраќајна незгода. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот М.В.(51) од Тетово. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Приведен крадец од Куманово    На 19.11.2022 година  во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Л.(34) од Куманово. Тој се сомничи дека на 18.11.2022 година одзел повеќе предмети од паркирано патничко моторно возило „фолксваген амарок“ на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово. Ј.Л. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.