(ВИДЕО) ФАЛА БОГУ ЖАРЕ СЕ ОТКАЖА ОД КОМЕДИЈА, ПРЕМИНУВА ВО ПОЛИТИКА – Филипче во „Еден на еден“: Една фаза од коронавирусот помина, поискусни сме за втората

0
1052

Една фаза од кризата со коронавирусот е помината, вели министерот за здравство Венко Филипче во емисијата Еден на Еден. Министерот ќе му биде гостин на авторот и водител на емисијата, Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5.

„Многу е битно што сега сме поспремни. И кога и да дојде оваа следна фаза што сите ја очекуваат, сметам дека многу добро ќе ја изменаџираме, поради тоа што имаме повеќе искуство“, изјави Филипче.

Според него, многу интересен феномен е што сега многу повеќе се зближија луѓето. „Докторите, сестрите, епидемиолозите велат дека станале браќа и сестри“, додаде министерот.

Филипче раскажа и за тоа како изгледа еден негов обичен ден во овој период, дека станува во 4 или 5 наутро, за своето искуство како хирург во повеќе светски земји, но и лични приказни. „Откако ќе заврши сето ова ќе му се посветам повеќе на син ми“, рече тој.

Во продолжение, погледнете го видеото од приказната кое открива дали го поминавме најтешкиот дел со вирусот Ковид-19: