ОММ: Дали сега, кога се менува климата, ви текна на младите?

0
1159

obedineti-za-mk-680x365

Игнорирајќи ги барањата на младите за подобрување на нивниот статус во општеството како двигателна сила на Република Македонија, деновиве Премиерот во заминување најави бесплатен превоз за студентите од државните факултети.

Ние, младите од Обединети за Македонија, следејќи ги одлуките на нелигитимната власт, дојдовме до заклучок дека Премиерот во заминување е подготвен на секакви отсапки од неговите претходни одлуки, мислејќи дека младите се наивни и слепо ќе го поддржат и дека гласот на следните избори ќе го дадат за ДПМНЕ.

Обединета младина за Македонија порачува на оваа нелигитимна власт дека младите не се наивни луѓе, барањата на Опозицијата одамна се искажани во врска со состојбата на младите во Република Македонија.

Дали сега, кога се менува климата, ви текна на младите?

Секој разумен човек ќе ја разбере позадинската слика на оваа одлука, велат од ООМ.