ЈАНАКИЕВСКИ ОДИ 3,5 ГОДИНИ ВО ЗАТВОР ЗА „ТИТАНИК“ УСЛОВНИ ЗА ГРУЕВСКИ, ЈАНКУЛОСКА И ЗА ПРОТУЃЕР

0
792

Случајот „Титаник 1“ се однесува на кривични дела против изборите и гласањето за парламентарните избори во 2011 и локалните избори во 2013 година. „Титаник“ е првиот случај за кој отвори истрага поранешното СЈО, уште на почетокот на 2016 година. Лани Јанкулоска, Јанакиески, Протуѓер и уште петмина обвинети ја признаа вината.

Апелациониот суд Скопје ги намали казните за дел од осудените за случајот „Титаник“.

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски влегува во затвор, попладнево соопшти Апелациониот суд во Скопје, откако ги разгледало жалбите на обвинетите по пресудата која ја донесе Кривичниот суд Скопје минатата година.Јанакиевски беше осуден првично на 4,5 години, а сега Апелација ја намали на 3,5 години казна затвор.

Според објавата на Апелациониот суд, останува условната казна за поранешниот шеф на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протуѓер, а на условна казна се осудува и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.Случајот „Титаник 1“ се однесува на кривични дела против изборите и гласањето за парламентарните избори во 2011 и локалните избори во 2013 година. „Титаник“ е првиот случај за кој отвори истрага поранешното СЈО, уште на почетокот на 2016 година. Лани Јанкулоска, Јанакиески, Протуѓер и уште петмина обвинети ја признаа вината.