НАСКОРО ЌЕ ИМА НАДДАВАЊЕ ЗА КОНФИСКУВАНИОТ ИМОТ НА САШО МИЈАЛКОВ

0
564

Конфискуваниот имот на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков одземен во предметот „Империја“, за кратко ќе биде објавен на јавно електронско наддавање, соопшти новиот директор на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу во извештајот за стотте дена од работа на Агенцијата.

Тој најави поскоро извршување за актуелните случаи за конфискација за кои има судски пресуди, случајот „Труст“ или „Трансмет“ и случајот „Бачило“ познат како Иснифарис Џемаили кој е доста стар.

-Беше изработен Предлог Нов Закон, со кој се изнајдени квалитетни решенија во извршувањето на неспроведливите конфискации и менаџирање со одземениот имот. Во поглед на Законот, иницирав неколку состаноци на највисико ниво со цел за нивно запознавање и давање на дополнителен напор за поскоро донесување на Предлог-законот со што би се отворил патот за унапредување на практиката на Агенцијата, а со самото тоа и би се зголемила и подобрила ефикасноста, но и напорите на органите на прогонот во Република Северна Македонија за борба против криминалот и корупцијата, изјави Небиу.

И по повеќе од една година откако Мијалков призна вина за предметот „Империја“ и се спогоди со Обвинителството, имотот што му го конфискуваше државата во вредност од 15 милиони евра се уште не е продаден.Овој случај последно беше споменат деновиве на средба меѓу министерот за правда Кренар Лога и директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу на која се разговарало за новиот предлог Закон за управување со конфискуван имот.