НЕДОЗВОЛИВ ПОЛИТИЧКИ ИСПАД НА ИСТОРИЧАРКАТА ТОДОРОСКА: СДСМ ДА ПАДНЕ ОД ВЛАСТ, А ТОА ДА ГО НАПРАВИМЕ СО СПРЕЧУВАЊЕ НА ОБРАЗОВНИТЕ РЕФОРМИ НА МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА

0
1680

Во емисијата “Што не е јасно?” на тв Алфа се случи катастрофално гостување на историчарката од Институтот за национална историја, Катерина Тодороска.

Таа самата се пофали дека учествувала во шарените протести против режимот на Груевски и исто така формално била на листа на пратеници на СДСМ. Тодороска му продаваше демагогија на народот дека и покрај тоа, немала намера да стане политички активна но била должна да му објасни на народот за се’ она што е поврзано со неговата историја и национален идентитет.

Таа тврдеше дека прв чекор е да се спречат образовните реформи на министерката Царовска со цел што побрзо СДСМ да падне од власт. Како параван-аргумент, таа наведе дека т.н. образовна програма била изработена за само два месеци и со оскудни образложенија иако за таков сериозен потфат биле потребни најмалку две години. Потоа обвини дека недозволиво е да се спојува историјата со други предмети бидејќи таа е браник на нашиот национален идентитет и посебност. Јасно обвини дека министерката Царовска и нејзиниот тим се крајно некомпетентни и дека одработуваат за туѓа нарачка со поддршка од невладини организации. Во време на екс режимот на ВМРО-ДПМНЕ, никој од ваквите општествени авторитети не се побуни против шалабајзерскиот потфат квази-Кембриџ, со кој што децата беа тотално запоставени а во основното и средното образование се вработуваа партиски лица без соодветни квалификации за да им предаваат на деца.

Очигледно е дека историчарката одработува за валканата агенда на ВМРО-ДПМНЕ, манипулирајќи го народот со тоа што му продаваше тврд национален и омраза кон сите што се левичарски настроени. Најверојатно нејзините политички и лични амбиции не биле задоволени штом вака ад хоминем ги напаѓаше и министерката Царовска и премиерот Заев.