ТАСЕВСКА : СЛИКАТА НА СИЛЈАНОВСКА СО КОВАЧЕВ ПОТВРДА ЗА СОРАБОТКАТА НА МАКЕДОНСКОТО И БУГАРСКОТО ВМРО

0
245

Прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Она што го нудат ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател, Гордана Силјановска е враќање назад во изолација и мрачно минато.

Овие денови граѓаните може да видат дека ДПМНЕ ги врати на сцена насилниците од 27 април и тоа токму на промоцијата на Силјановска.

Нема никаква промена во ДПМНЕ, оваа партија не може да понуди ништо добро.

Давкова во македонското Собрание ги спроведуваше политиките на ДПМНЕ за блокади и кочење на економските мерки но и на европскиот пат на државата.

Застанува дикретно против Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ.

Гледаме и нејзини фотографии со негаторот на македонскиот јазик, идентитет, култура, Андреј Ковачев.Силјановска гордо стои со Ковачев, кој не негира како народ.

Граѓаните очекуваат одговори од Силјановска.

Почитувани,

Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања кои никогаш не ги остварува.

Единствено што нудат ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре.

ДПМНЕ не може да донесе никаква промена ниту нешто добро за Македонија, за македонскиот народ, може само да им наштети на националните интерси и на европскиот пат.

Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.

Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски со што ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.