Во Прилеп откриени лица кои давале и земале поткуп

0
1344

Пред извесно време заврши увидот кој екипа на крим техника при МВР – ПС Прилеп го вршеше во објект во центарот на градот, наспроти ОУ „Кочо Рацин“. Со возила на полицијата, во Полициската станица во Прилеп беа однесени неколку лица за кои постои сомнеж дека зеле, односно дале поткуп, пренесе Публикум.

potkup1 potkup4 potkup3 potkup2 pokkup5Веднаш после првите сознанија, за официјална информација ПУБЛИКУМ се обрати до портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова, која им одговорила дека сѐ уште нема сознание дали во акцијата од страна на полицијата биле приведени граѓани на Прилеп и дека поконкретни информации ќе има во попладневните часови. Подоцна Стаматова не одговорила на телефонските повици.